СДСМ: ДПМНЕ со години перела пари врз грбот на граѓаните

by fokus

Од владејачката СДСМ утринава во соопштение во кое ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваат само ДПМНЕ, велат дека партијата со години перела пари со злоупотреба на службена положба и овластувања преку проектот Скопје 2014.

-Со криминал, наместени тендери и злоупотреби, врз грбот на граѓаните си обезбедиле финансиски средства од 57 милиони евра. Обемната истрагата на обвинителството за овие злоупотреби покажа дека за леење на споменици од Скопје 2014, од буџетот биле исплаќани високи суми пари, а тие се лееле во Италија за пониски суми, додека остатокот од парите се враќале во земјата но не во буџетот, туку на туѓи сметки.
Сето ова се случувало кога режимот беше во своите најсилни години, кога законите не важеа за лица блиски до ДПМНЕ, кога луѓе од Белиот дворец се богатеа преку ноќ додека граѓаните тонеа во сиромаштија.
Истрагата за овој сериозен криминал води до вкупно 15 лица и 7 компании, меѓу кои почесниот претседател на ДПМНЕ Никола Груевски, и други високи функционери на Белата палата.
Тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ДПМНЕ, велат од СДСМ.

Поврзани новости