Вчерашната седница на Собранието покажа дека ДПМНЕ дефинтивно е против ЕУ, а Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски, реагира владејачката СДСМ откако вчера заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата, а гласањето е одложено до обезбедување на потребното двотретинско мнозинство.
-Вчера, ДПМНЕ и Левица покажаа дека немаат никакви аргументи, дека не знаат да дискутираат, дека не знаат како се води дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, единствено за лични цели, а против подобар живот за граѓаните и остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ. Кристално јасно е дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, туку нивната цел е да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери. Мицкоски сака да ја влече државата назад, само заради неговата фотелја во Белиот дворец, исто како што тоа 11 години го правеше Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ.