СДСМ: ДПМНЕ ја вдоми и сестрата на министерот Љутков

by Fokus

ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта,обвини СДСМ.

„Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот. Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.

Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски. Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период. Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес.

Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ. Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата“ се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости