Од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ се фатени како лажат на анкетната комисија за Онкологија изнесувајќи невистини, инсинуации и клевети, со цел создавање страв кај граѓаните и недоверба во институциите.
„Пратеникот Антонио Милошоски за време на процедурална забелешка минатата недела прочита одлука на Влада, за која што тврдеше дека станува збор за наводна намера на Владата да дозволи уништување на доказен материјал на Клиниката за онкологија.
Меѓутоа, се работи за одлука за расходување на потрошен и дотраен материјал и тоа кревети, столици и медицински апарати. Значи не се работи за уништување доказен материјал туку за избор на фирма која би добила тендер за уништување отпад.
Намерата на ДПМНЕ со Анкетната комисија не е ништо друго освен да се опструира истрагата и да се пласираат невистини.