СДСМ: ДПМНЕ да не ги политизира случувањата во Канал 5 Телевизија и да не ги дели граѓаните по етничка основа

by Fokus

Од СДСМ порачуваат ВМРО-ДПМНЕ- ДПМНЕ да не ги политизира случувањата во Канал 5 Телевизија и да не ги дели граѓаните по етничка припадност.

„ДПМНЕ е партијата која ја зароби целата држава а медиумските слободи ги доведе до дното и тоа време заврши.

Медиумите денеска се слободни, работат и известуваат слободно во демократско општество а слободата на медиумите е на највисоко ниво досега.

ДПМНЕ ја урна слободата во медиумите, СДСМ ја врати, сега сите го остваруваме правото на глас и слободен говор.

Да се има различен став и да се дискутира е демократска придобивка.

Дебатите и дебатните емисии постојат за да се изразат различни ставови и отворено да се разговара за сите општествени прашања.

Секако, сите јавни чинители внимателно треба да ги бираат зборовите и во своите јавни настапи да придонесуваат кон кохезијата во општеството.

СДСМ вредносно и суштински нема да дозволи хистеријата на ДПМНЕ да доминира во јавниот дискурс ниту пак да се вратат мрачните времиња кога се водеше јавен линч на неистомисленици и кога граѓаните се делеа по партиска, етничка и друга припадност.

Европски вредности, почит, разбирање се единствениот начин“, велат од СДСМ.

Поврзани новости