Институции и општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ имаат склучено над 170 договори за тендери со Пуцко петрол, обвини СДСМ.
„Еве само еден од тие 170 договори на ДПМНЕ со Пуцко Петрол:
Министерството за образование и наука, потпишан од Весна Јаневска од ДПМНЕ, склучен на 31.12.2024 година со Пуцко Петрол тежок 2.500.000 денари или 40.000 илјади евра.
Не навлегуваме во внатрешните игри на ДПМНЕ, но еве нека види Бојан Стојановски за колку го има појачано профитот на Пуцко Петрол Весна Јаневска и нека одговори: Колку пари на граѓаните завршија кај Пуцко Петров благодарение на ДПМНЕ и нивните градоначалници, министри, директори на институции?“ наведуваат од опозициската партија.
Претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на прес-конференција обвини дека зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случувало благодарение на СДСМ и ДУИ.
„Најголемиот скок на имотот на Пуцко петрол е во период на владеење на Зоран Заев, со влада во која министер за здравство е Венко Филипче. Или, тоа е влада на ДУИ со малцински партнер СДС“ рече Стојаноски.