Ако навистина сака да покаже грижа за студентите, ВМРО-ДПМНЕ уште веднаш нека ја отстапи нивната луксузна зграда во центарот на Скопје за студентски дом, реагира СДСМ откако денеска на прес конференција Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ повика СДСМ да ја отстапи партиската зграда за студентски дом.
– На ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема да им недостасуваат квадрати со оглед на тоа што имаат 63 објекти низ земјава со близу 12.000 метри квадратни. УМС неуспешно сака да го покрие скандалот со имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вреден 11 милиони евра, што партијата го стекнала најголем дел во 2014 година. Како ВМРО-ДПМНЕ успеа да се стекне со 63 објекти низ државава, со близу 12.000 метри квадратни, во вредност од 11 милиони евра? Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава ВМРО-ДПМНЕ се стекнува со имот од 11 милиони евра? Поради нивната ‘грижа’ младите бараат подобра иднина надвор од Македонија. Додека фунцкионерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат на криминален начин, македонските граѓани се посиромашни, а високо образованите млади луѓе ја напуштаат Македонија – реагираат од СДСМ.