444
По прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Македонија и Бугарија и по обвинувањата упатени на адреса на владата, се огласија и од СДСМ.
– ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и да ги напушти политиките на изолација, конфликт и поделби во кои со години е заробена и да даде поддршка на политиките што обезбедуваат пријателство, соработка, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО што истовремено е и врвен државен и национален интерес – се наведува во партиското соопштение.