Владејачката СДСМ доцна вечерва испрати соопштние во кое го осуди, како што го нарече, возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби.
-СДСМ го осудува палењето на возилото кое го користел вицепремиерот Артан Груби. Очекуваме сите надлежни институции, МВР, истражните и судски органи целосно да го расчистат случајот, а јавноста да биде информирана за причините, мотивите и сторителите кои треба да понесат одговорност, стои во кусото соопштение на СДСМ.
За запаленото Ауди Груби рече дека е на негов пријател, а не негово. Во МВР како сопственик на возилото се води друго лице и Груби го нема пријавено во анкетниот лист. Истражните органи треба да утврдат кој е вистинскиот сопственик на автомобилот и дали вицепремиерот криел имот со тоа што не го впишувал на свое име.