СДСМ: Доста лакрдии за бегалците, водата каде е?

by Fokus
Откако во изминатиов период градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов и неговата партија ВМРО ДПМНЕ во повеќе наврати потенцираа дека во градот ќе се градат станови за бегалци и предизвикаа загриженост и сомнеж кај дел од населението, од ОО СДСМ Неготино решија да стават крај на шпекулациите.
 
Портпаролот на партијата, Диме Витанов им порача на членовите на ВМРО да не ја замајуваат јавноста со нова лакрдија, туку да се запрашаат зошто во Неготино во дваесетипрвиот век сеуште нема вода.
 
,, Почитувани господа од ДПМНЕ, никако да ја сфатите пораката која ви ја испраќаат граѓаните на Македонија. Пробавте со измислување на Тиранска платформа, не успеавте. Па продолживте со наметнување на теза дека некој ја продава Македонија со договорот за добрососедство со Република Бугарија, и тоа не ви успеа. Сега се обидувате со нова лакрдија да ја замајувате јавноста.
 
Ние повторно, јасно и гласно го повторуваме нашиот став, Македонија е транзитна земја за бегалците, ниту на територијата на Македонија ќе се градат станови, а најмалку па на територија на општина Неготино!’’– вели Витанов.
 
Тој им порача на луѓето од ВМРО ДПМНЕ да престанат да шират лаги, и да не создаваат паника кај граѓаните. Наместо тоа, им предложи да поразговараат за децениската мака на неготинчани, водоснабдувањето.
 
,, До каде стигнавме со подобрувањето на водоснабдувањето? 
Градоначалникот Апостолов, одамна зборува дека рестрикциите на вода во Неготино се минато. Неготинчани и ден денес се соочуваат со рестрикции на вода за пиење. Иако ја задолживте општина Неготино со кредит од 1.000.000 евра, неготинчани никако да го видат бенефитот од трошењето на тие средства
’’ – посочи тој.
 
И додека дел од граѓаните се загрижени по најавите на градоначалникот дека во Неготино ќе се населуваат бегалци, голем е бројот и на оние кои се шегуваат на своја сметка, велејќи дека во градот кој е без вода и на температури од плус 40 степени, и бегалците ќе побегнат.
Вики Клинчарова
 

Поврзани новости