СДСМ се јави со реакција по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за наводен удел на екс-премиерот Зоран Заев во авиокомпанија од Индија. Според партијата во опозиција, нивните ривали излегуваат со „тажни и очајни соопштенија секој пат кога ќе бидат фатени во скандал“.
СДСМ обвинува дека во Буџетот има пари само за, како што велат, приватни летови, тропско овошје и луксуз за Владата…
-Наместо да одговорат зошто се луксузираат на грбот на граѓаните, кои тонат во сиромаштија, тие се обидуваат да манипулираат и да го пренасочат вниманието. Додека СДСМ беше на власт и премиер беше Зоран Заев, платите се зголемија за речиси 100%, се субвенционираше струјата за граѓаните, цените се држеа под контрола и имаше рекордни субвенции за земјоделците. Овие факти не можат да бидат избришани со манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, велат меѓу другото од „Бихаќка“.
ВМРО-ДПМНЕ денеска соошти дека Заев до скоро поседувал акции во една индиска авиокомпанија која пред кусо време била продадена, а чии акции можеби се уште постојат во една од постоечките авиокомпании.
-Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот сеуште неформален лидер стасал до авиокомпанија во Индија? Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај, прашаа од владеачката партија.