СДСМ: Додека Скопје беше под вода, локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше

by fokus

По вчерашното невреме, од СДСМ обвинуваат дека додека Скопје било под вода, локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немало.

-Скопје беше поплавено, улици, булевари, подвозници под вода, паднати дрва и гранки, попречен и отежнат сообраќај, а локалната власт предоведена од ВМРО-ДПМНЕ никаде ја немаше.

-Над 10.000 домови се поплавени а ЈП водовод не презеде ништо. Очигледно ниту каналите, ниту шахтите не се проверени навреме и не се исчистени соодветно.

-Кризен штаб треба да се формира навреме, да биде подготвен за различни ситуации пред невремето.

-Јавните претпријатија треба да ги исчисти и да ги проверат каналите, шахтите, атмосферската канализација.

-Невремето предизвика хаос во сообраќајот, а Центарот за управување и контрола на сообраќајот не ги информираше граѓаните што се случува на сообраќајниците.

-ЈСП Скопје не ги информираше граѓаните за одложените линии, за можностите, ниту ги насочуваше.

-На терен беше само полицијата и институциите од централната власт а локалната власт никаде ги немаше.

Со еден збор, целосно потфрлање на кадрите на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и Левица кои се локална власт во Скопје, велат од СДСМ.

Поврзани новости