Христијан Мицкоски останува неодговорен и незрел политичар, кој нема доблест да се соочи со реалноста и да преземе одговорност и продолжува да ја држи опозициската ВМРО-ДПМНЕ во минатото, во режимската и деструктивна матрица, реагираат од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ го обвини Зоран Заев се интересира само за личното богатење, а не за здравјето на граѓаните и интересите на државата.
„Во текот на најголемата криза со пандемијата на коронавирусот Мицкоски се однесуваше деструктивно, ширеше лаги и невистини дека нема доволно тестови за ковид 19 во државата и ги делеше здравствените работници по партиска основа.
Неговото неодговорно однесување за време на пандемијата кулминираше со континуираното непочитување на мерките за заштита. Мицкоски за време на пандемијата одеше во теретана, кога спортските објекти беа затворени, седеше во затврен дел од кафана, кога тоа беше забрането, а на предизборните собири на ВМРО-ДПМНЕ не се почитуваа мерките за заштита од пандемијата. Претходно, неодговорниот Мицкоски правеше се за да го спречи носењето на Законот за јавно обвинителство во обид да ги спаси криминалците и тајкуните од ВМРО-ДМНЕ, правеше се за да ја блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, во обид да ја врати државата назад во изолација“, стои во партиското соопштение.
Од партијата на Заев велат додека Мицкоски беше на чело на ЕЛЕМ ја покачи цената на струјата за цели 100 отсто, а додека му беше советник за енергетика на Никола Груевски добил бизниси со хидроцентрали.