Го поздравуваме фактот што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки собра храброст и прифати телевизиско соочување со министерката за одбрана Славјанка Петровска, се вели во партиското соопштение на СДСМ по јавното приваќање на поканата од пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку статус на Фејсбук за ТВ дуел со министерката за одбрана.
– Веруваме дека граѓаните со задоволство ќе го следат овој дуел и ќе сведочат во разобличувањето на секојдневните пласирани лаги од страна на Ковачки. Поддржуваме медиумите да организираат ТВ соочување и навремено да ги поканат двајцата претставници, а Ковачки да не се крие зад партиски центри за комуникации. Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ вакви соочувања на министер од Владата со пратеник или кој било претставник од опозицијата, беа незамисливи, велат од СДСМ.