СДСМ до ВМРО: Нека не ве фаќа страв од Ковачевски и Зечевиќ

by Фокус

Нека не ги фаќа страв и паника ВМРО-ДПМНЕ од Ковачевски и Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ цела недела не може да се соземе од изборниот дебакл што им се случи на вонредните локални избори и шамарот којшто го добија од граѓаните, реагираа од СДСМ, откако ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека се расфрлаат со пари додека граѓаните тонат во сиромаштија.

„Во двете општини кадешто имаше избор за градоначалници победи СДСМ и коалицијата а во третата соодносот на советници остана ист, со драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Да имаа добри политики наместо блокади, да беа вредни наместо по одмори, да беа присутни на теренот, да ги почитуваа граѓаните и да работеа за граѓаните можеби ќе имаа подобар резултат“, реагираат од СДСМ.

Од таму додаваат дека хаосот кој владее во ВМРО – ДПМНЕ се прелеал и на теренот.

„Затоа и не истакнаа кандидат во Центар Жупа, а во Маврово Ростуше на цедило го оставија својот кандидат, член на Извршниот комитет на партијата. Вината за изборниот пораз и пораката којашто им ја испорачаа граѓаните треба да си ја бараат во сопствените редови. Мицкоски и ВМР0-ДПМНЕ или ќе ги променат своите погрешни, деструктивни политики, или нека му ја мислат за парламентарните избори во 2024 година кога ќе им се случи уште еден изборен пораз“, порачаа од СДСМ.

Поврзани новости