СДСМ до Петар Ристески: Наместо да го вперуваш прстот во нас, погледни во своите редови

by fokus

Од СДСМ ги повикуваат институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Од партијата му порачуваат на Ристески, наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се, како што велат, дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.

„Креирањето насилство, конфликти и нетрпеливост помеѓу граѓаните беа одлика на 12 годишниот криминален режим на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. За разлика од таквите насилни политики од кои ВМРО-ДПМНЕ никако да се оттргне, СДСМ промовира соживот, правда и концепт на еднакво општество, во кое сите граѓани ќе се чувствуваат рамноправни и заштитени“, велат од СДСМ.

Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, додаваат од партијата, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови.

„Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години. Граѓаните го надминаа и го поразија таквиот насилен концепт. Но, за жал новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не успева да го надмине таквиот менталитет и продолжува да организира насилни протести, злоупотребувајќи го сопственото членство во протести на кои се шири омраза, раздор и поделба помеѓу граѓаните. Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива за Македонија“, соопштија од СДСМ.

Поврзани новости