СДСМ до Пешевски: Катастрофалните економски резултати се одлика на господинот „дил-ориентед“

by Фокус

-Дали Владимир Пешевски сака да му го чува стравот на Никола Груевски од губењето на власта или својот страв? Тоа e оној Владимир Пешевски за којшто Никола Груевски рече дека е „дил -ориентед“, во еден од објавените разговори од проектот Вистината за Македонија.
Катастрофалните економски разултати се главна одлика на господинот „дил-ориентед“ и неговиот надреден, Никола Груевски, реагираа од СДСМ на пресот на Пешевски кој рече дека доколку Зоран Заев е сигурен дека ќе биде премиер, да си поднесе ставка од градоначалничката функција.

Од СДСМ велат дека поради „дил-ориентед“ политиките на ВМРО-ДПМНЕ, 626.312 граѓани заминале од Македонија, пред се млади, образовани луѓе, според официјални податоци на Светска банка. Додаваат дека „дил-ориентед“ политиките на Груевски и Пешевски затвориле над 10 илјади фирми во земјава, а секоја трета фирма е со блокирана сметка.

-Граѓаните ќе го изберат Зоран Заев затоа што ќе ги врати европските вредности во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ им го зема на граѓаните во изминатите 10 години. На 24-ти април, победува европска Македонија, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

 

Поврзани новости