Телевизиски соочувања имало и ќе има, извршителот Христијан Мицкоски допрва ќе се поти пред камерите, не може да го одбрани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски – вака од СДСМ одговорија на повикот на Мицкоски за ТВ дуел со Зоран Заев.
„Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски секогаш поразен завршувал. Допрва извршителот Мицкоски ќе се поти пред камерите, пред граѓаните. Не успеа да го одбрани криминалот на неговиот шеф, Никола Груевски, не успеа неговиот обид да ја спречи правдата, не успеа да го попречи членството во НАТО и ЕУ. Извршителот Мицкоски е очаен губник, покорен од сите негови порази“, велат од СДСМ.
Од таму додаваат дека во изминатите 2,5 години Македонија од „заробена држава“ станала, како што велат, слободна, демократска, економски напредна држава.