620
На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните.
-Гласањето тече мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини. СДСМ избира претседател на очиглед на целата македонска јавност. По затворањето на гласачките места во 19:00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.