Граѓаните знаат дека дното на македонското судство е постигнато со ВМРО-ДПМНЕ, многу одамна, реагира СДСМ на одлуката на Кривичниот суд мерката притвор за Горан Грујевски да ја преиначи во куќен притвор.
-Но, секоја ваква нова скандалозна одлука на партиските послушници на Никола Груевски инсталирани во судството се уште е доказ за тоа колку тешко пробива правдата. Криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години е целосно потврден. Ниту еден поставен судија „од тефтерчето“, ниту една судска одлука од партиските послушници на Никола Груевски нема да ги спаси од одговорност за криминалот и злосторството врз граѓаните на Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од опозициската партија додаваат дека одговорност за незаконското прислушување, за изборниот криминал, корупцијата и целокупното криминално владеење на нелегитимната банда на власт мора да има и ќе има.