„ДПМНЕ нема поддржано ниту една државничка одлука досега. Беа против членството во НАТО, против Договорот со Грција, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со Европската унија а не гласаа ниту за Договорот ФОРНТЕКСТ“ обвинуваат од владејачката СДСМ.
Оттаму со став дека „ДПМНЕ-Левица се единствени партии во земјата кои се против Резолуцијата на германскиот Бундестаг за признавање на македонскиот јазик, идентитет и култура. Сега е време ДПМНЕ да размисли и макар еднаш да покаже државничко однесување“.
„Откако се доближија ставовите на последната лидерска средба дијалогот за уставните измени треба да продолжи. Со дијалог може заедно да ја донесеме одлуката за уставните измени а со тоа да го обезбедиме продолжувањето на европскиот пат се до полноправно членство. ДПМНЕ има шанса да направи нешто добро за државата“ велат од СДСМ.