СДСМ реагира на потпишувањето на одбрување за еврообврзницата од страна на министерот за правда, Валдет Џафери, за кое вели дека е обид за спасување на министерот за финансии, Кирил Миноски.
-Министерот за правда Валдет Џафери очигледно притиснат, подметна грб во обид за спасување на министерот за финансии Кирил Миновски од кривична одговорност, што е невозможна мисија. Џафери, според информациите на СДСМ, издал пост фестум правно мислење за веќе издадената еврообврзница од 450 милиони евра, но ова е противзаконски. Тоа значи дека и Џафери влезе во кривично дело, заедно со Миновски и Бришковска. Која е цената што ја испорачал Ахмети на Груески за жртвата на ДУИ во незакоснкото издавање на еврообврзницата ќе се види, се вели во реакцијата на СДСМ.
Од опозициската партија посочуваат дека во Буџетот на РМ се уште во ставката странски задолжувања стои износот од 370 милиони евра за цела 2016 година, со што со издавањето на еврообврзницата прекршени се Законот за буџет, Законот за Влада, Законот за јавен долг и Кривичниот законик на РМ. Додаваат дека од денеска јавниот долг ќе изнесува 5 милијарди евра или скоро 52% од БДП.