615
На вториот ден од 20-дневната изборна кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе биде во Охрид и во Бутел, додека Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „За обнова на Македонија“ изборните активности ќе ги претстави пред граѓаните во Вевчани, Струга, Ресен, Куманово, Скопје, Гевгелија, Охрид и во Гостивар.
Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска ќе одржат промотивната конвенција за кандидати за пратеници во Тетово.
Кампањата за предвремените парламентарни избори се одвива на средби со граѓани, со препораки за почитување на мерките за заштита од вирусот Ковид-19, како и преку социјалните мрежи и на традиционалните медиуми.