0
СДСМ денеска во 11 часот во Владата ќе му достават документи на премиерот Христијан Мицкоски, со кои, како што велат ќе се потврди наводната корупција на вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“ се вели во соопштението на опозициската партија.
Пред да бидат документите предадени во Владатата изјава за медиуми ќе даде портпаролката на партијата, Богданка Кузеска.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера ги повика сите што имаат докази за наводни криминали на Меџити, да му ги достават, со цел да бидат предадени на органите што постапуваат.