„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“ соопштија вечерва од СДСМ.
Од партијата велат „Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита“.
„Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики. Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“ е ставот на СДСМ.