Приведен е Дејан Савичевиќ

by irena 21:35
21:35

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора и поранешен играч на Црвена Звезда и ФК Милан – Дејан Савичевиќ, беше приведен од полицијата синоќа поради неколку сообраќајни прекршоци.

Како што објави порталот RTCG, Дејан Савичевиќ беше казнет со парична казна, по што беше ослободен.

Како што е дополнително наведено, тој е обвинет за пребрзо возење, како и за престигнување по полна линија.

Исто така, според овој портал, тој одбил да направи алкотест. Тој беше приведен претходно за истите споменати прекршоци.

Тој неодамна беше избран за нов мандат на чело на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Слични вести