512
Декларацијата за Гоце Делчев е политичко подметнување од страна на ВМРО-ДПМНЕ со цел да се продлабочат поделбите кај македонскиот народ, реагираат од СДСМ.
-Делото на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев и неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност не заслужува ваков потценувачки однос. Гоце Делчев не заслужил да биде сведен на политичка декларација и тоа поднесена од партија која ги слави историските личности кои биле против Делчев, против неговите дела и вредности, наведуваат од СДСМ.