СДСМ: Дали за Мицкоски се убијци докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа од КОВИД 19?

by Fokus

Зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, стои ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.

„Мицкоски да каже дали за него се убијци докторите и медицинскиот персонал што го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19? Дали за него се убијци, лекарите, докторите, медицинските сестри кои повеќе од една година се на првата борбена линија против корона вирусот?

Наместо да повикува на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје.

Мицкоски не само што не е загрижен за колективното здравје туку со неговата партија прави се за да го загрози здравствениот систем. Токму поради таквиот нечесен, несериозен однос опасен по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори“, додаваат од владејачката партија.

Поврзани новости