133
Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот, порачаа од СДСМ.
„Несериозна за граѓаните е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“.
Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај.
Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје?
Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев? Јавноста очекува одговори“, соопштија од партијата.