Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Топ Тема на Телма Телевизија ги призна луксузните патувања со бизнис класа, скапите карти до 20.000 евра платени со народни пари. И повторно се обиде Мицкоски да излаже, велат од СДСМ.
– Со смеа и неверување јавноста и граѓаните ги слушнаа „оправдувањата“ на Мицкоски дека причина биле проблеми со колениците.
Дали сите тројца министри во Владата на Мицкоски кои беа во Вашинготн на државна сметка имаат исти проблеми со колената па мораат да патуваат со бизнис класа?
А кога се сликаше на Водно како се качува Мицкоски имаше ли проблем со колениците?
Мицкоски лаже и си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.
Скапи авионски летови и бизнис класи од 20.000 евра, часовници од 60.000 евра, имоти на поклон од 300.000 евра додека вели дека нема пари за поголеми плати за работниците.
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања, се вели во партиското соопштение на СДСМ.