Откако Курир се легитимираше како политички субјект остана нејасно за јавноста дали реагира во името на ВМРО-ДПМНЕ или како агенција-партија, реагираат од опозицискиот СДСМ.
– Интерент портал, информативна агенција, агенција-партија? Што е Курир? Дали штабот на ВМРО-ДПМНЕ во суштина го сочинува импресумот на Курир што го кријат од јавноста? – прашуваат од СДСМ.
Според нив, очигледно е дека Курир не бил само компјутер, туку штабот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Затоа СДСМ не може да добие одговор и понуда за закуп на рекламен простор на Курир додека други експресно добиваат“, стои во реакцијата.Јасно е, виртуелните вести коишто ги креира Курир по нарачки на уредникот имаат конкретна политичка позадина а тоа е виртуелниот свет на ВМРО-ДПМНЕ. Курир има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира. Дури не е дозволен ниту закуп на платена реклама за оние што имаат различно мислење од Никола Груевски.Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан – се наведува во соопштението од опозициската СДСМ.