509
Христијан Мицкоски упорно се крие од граѓаните зад социјалните мрежи и одбегнува да даде одговори на јавноста за неговата средба со Никола Груевски, соопштија од СДСМ.
„Што било договарано на средбата Груевски-Мицкоски? Што значи тоа што пионот Мицкоски јавно го кажа дека разговарале за „неговата иднина“ и „личните моменти“ Молкот на Мицкоски ги засилува веќе отворените сомнежи во јавноста дека антизападниот пион Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ знаеле или се поврзани со планот за бегство на осудениот криминалец Никола Груевски“, велат од владејачката партија.
Од опозицијата, пак, го судуваат бегството на Груевски и одговорноста за тоа ја лоцираат во владата.