932
Дали Христијан Мицкоски намерно пласираше информации во јавноста за да се саботира голема полициска акција на нашите институции, МВР и меѓународни органи со помош на нашите стратешки партнери, саботажа која не успеа?
Оваа е денешната реакција на СДСМ, откако денеска МВР информираше дека е уапсена група од десетина полицајци за кои постои смонеж дека учествувале во ланец за изработка на фалсификувани пасоши и лични документи, а од друга страна обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со вчерашниот брифинг, на кој споделија детали за акцијата, се обиделе да ја сузбијат.
-Очекуваме официјални информации од надлежните институции кои треба да покажат дали Христијан Мицкоски одработува за криминалци, велат од СДСМ.