СДСМ: Дали Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?

by fokus

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ. На виделина излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

-Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ. На една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија. И по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието. Дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?, прашува Каевски.

Поврзани новости