Дали и сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон, прашува во соопштение до јавноста опозициската СДСМ откако беше објавено дека синот на премиерот Христијан Мицкоски бил заедно со македонската делегација на Самитот на НАТО.
-И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се истераат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други, се вели во соопштението на СДСМ.
СДСМ бара Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Тие исто така бараат и Мицкоски да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот и најавуваат објавување на уште скандали поврзани со ова патување.