Денес, коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, Димитар Апасиев, ја откри вистинската намера и цел на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – Левица, а тоа е да не бидеме членки ЕУ за други или поточно туѓи алтернативи, реагираа од СДСМ.
„Тоа што го мисли Мицкоски гласно го зборува Апасиев. Стратешкиот курс на земјата и напуштање на евроинтеграцијата“, соопштија од владејачката партија.
Оттаму посочуваат дека „очигледно ова е вистинската скриена агенда на Мицкоски, директно насочена против ЕУ“.
„Мицкоски мора јавно да излезе веднаш и да соопшти кои се неговите вистински цели и која алтернатива има ја нуди на граѓаните? Дали тој се залага за Евроазиска унија како неговиот коалициски партнер со кој ги организраат протестите?“, велат од СДСМ.
Од партијата на Димитар Ковачевски истакнуваат дека Апасиев е докажан и признат проруски политичар.