СДС се тие кои дозволија Артан Груби да прави што сака и да ја краде државата. Артан Груби со друга владина структура не би можел така да се однесува, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Но, бидејќи СДС беа гладни за власт и сакаат да останат во владините фотелји што подолго и по секоја цена, му дозволија на Груби да краде од Државна лотарија и од други институции, да игра фудбал по државни институции и да покажува ароганција на највисоко ниво. СДС со сигурност од прв ден знаеле што прави Груби. Затоа што не е можно да не знаеле а заедно, седум години, да ја водат владата, која впрочем, поради ДУИ и опстојувала.
Ако целта не им беше само гола власт и ако барем малку се грижеа за државата и граѓаните, СДС ќе го спречеа криминалното делување на Груби и истиот ќе го изведеа пред лицето на правдата. Но, очигледно, наместо државните интереси, на СДС на прво место им бил интересот да останат на власт.
И сега во опозиција СДС мудро молчи по однос на бегалецот од правдата, Груби. Ниту се оградуваат од него, ниту го повикуваат да се врати во Македонија за да се соочи со правдата. Нема ниту извинување до македонските граѓани затоа што го створија и го толерираа Артан Груби“ велат од партијата.
Оттаму додаваат дека од Груби се откажале и од неговата партија ДУИ, како и Тетовскиот Универзитет кој што му даде отказ од работното место, но СДСМ од него никако не се откажува.
„Доколку СДС како партија сака да стане сериозен општествен чинител во Македонија, треба да им се извини на македонските граѓани затоа што го толерирале Артан Груби и затоа што против него не покренаа никаква постапка пред правосудните органи. После тоа да ги повикаат и сите нивни функционери кои тоа го овозможиле.
Во спротивно ќе продолжат да тонат на македонската политичка сцена и наместо со политичките партии, по рејтинг да се споредуваат со невладини организации“ порачаа од владејачката партија.