СДСМ: Чулев беше дректор на Агенцијата за разузнавање кога се случи Диво Насеље

by fokus

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во преодната Влада, Наќе Чулев, беше директор на Агенцијата за разузнавање во време кога се случија настаните во Диво Насеље, велат од СДСМ и додаваат дека тоа би можело да доведе до негативни импликации во јавноста, но и кај вработените во МВР.

Сепак, како што нагласува владејачката партија, со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение.

„Со тоа се исполнети условите и предлогот може да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна Влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, констатира СДСМ.

СДСМ во продолжение изразува жалење што во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило.

„Мицкоски, и преку овој избор за негова номинација, се обидува да ја враќа земјата назад во деновите на сериозни внатрешни конфронтации. Тоа нема да дозволиме да се случи, граѓаните можат да бидат спокојни. СДСМ со сиот свој капацитет ќе ја обезбеди внатрешната стабилност и демократскиот амбиент пред и за време на изборите на 12 април. Ова покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се променило, тоа е истата партија на Никола Груевски, истата началничка и режимска политика, а тоа граѓаните ќе го казнат на 12 април“, додава СДСМ преку соопштение.

Поврзани новости