СДСМ: Чесните „вмровци“ да се оградат од Груевски

by Fokus

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски се надминати и истрошени политичари кои се грижат само за своите криминални интереси, немаат што ново да им понудат на граѓаните и затоа лажат, користат манипулации, говор на омраза, поттикнуваат насилство, реагираат од СДСМ.

Од таму тврдат дека во периодот што следи особено е важно да се овозможи мирен трансфер на власта и формирање на нова реформска Влада.

– Тоа е врвен интерес на граѓаните и државата.Тоа е потребно како за евро-атлантските перспективи на државата, така и за сите граѓани, без разлика на нивната политича, етничка или каква било друга припадност.Ниту ќе има штети по употребата на македонскиот јазик, ниту пак е загрозена унитарноста на државата. Тоа е измислица на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, единствените неколкумина во државата кои имаат интерес да ги блокираат промените, во обид да ја избегнат одговорнсота за злоделата врз граѓаните – се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

Според нив, Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните, а чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ мора сериозно да ја сфатат сопствената улога, да се оградат од криминалците во своите редови и нивните криминални платформи и партијата да се постави како конструктивна опозиција којашто ќе ги поддржи клучните реформи за граѓаните и државата.

 

Поврзани новости