СДСМ: „Бомбите“ го покажаа криминалното и расипничко владеење на Груевски

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со тажна и лажна исповед продолжува да ги потценува граѓаните и да работи спротивно на нивните интереси наместо да се соочи со одговорноста за се она што им го направи на граѓаните и државата во изминатите години, реагираа од СДСМ во однос на вчерашното интервју на Груевски на Нова.

„Ниту едно оправдување, ниту едно глумење жртва и затскривање под превезот на наводен патриотизам не може да го сокрие криминалното и расипничко владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак може да ја избрише колективната меморија на граѓаните. Преку проектот „Вистината за Македонија“ целата јавност слушна како се набавуваше мерцедесот од 600.000 евра, кој и како нарачуваше рушење на „Космос“, кој и како договараше провизии за автопатите и кој нарачуваше „два-три шамари јаки пред камери“, пишува во соопштението на СДСМ.

Според партијата, граѓаните сведочат за штетите од децениското криминално владеење, а доказ за тоа се „катастрофалните грешки во автопатите, скапите и луксузни вечери платени со народни пари, украдените милиони од граѓаните, креирањето атмосфера на насилство и поделби и екстремното богатење на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Поврзани новости