СДСМ Битола: Претседател на Надзорен одбор се самовработил во ЈП Пазари

by fokus

Претседателот на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие Пазари се самовработил во претпријатието кое требаше да го контролира, рече на прес конференција Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.

-В петок на Седница на Совет ќе биде разрешен од функцијата оти не можи во исто време и да биди вработен во Пазари и Претседател на Надзорниот одбор. Ова е само еден пример за тоа како ДПМНЕ и нејзините функционери работат. Ништо друго не ги интересира освен да си го наполнат џебот.

Претпријатието кое беше пример за цела Македонија, ДПМНЕ успеа за нецела година да го претвори во генератор на скандали и афери. Предупредувавме дека директорката на Пазари е неспособна и недорасната за функцијата што и се потврди со нејзиното разрешување. Новиот директор е зет за ќерка на лидерот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, донесен во Пазари од омилениот бизнис партнер на Коњановски и ДПМНЕ. Ќе понесе ли тој одговорност што го вработи Претседателот на Надзорниот одбор на истото претпријатие?, рече Стојановски.

Поврзани новости