Во време кога се соочуваме со пандемијата на кроонавирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година, соопшти денеска генералниот секратар на партијата, Љупчо Николовски.
-Бараме укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против корона вирусот. Сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит. На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје. Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции, рече Николовски.
Поради вонредната ситуација со корона вирусот во земјава и затворањето на улилиштата, учениците настава следат онлајн.