Опозицискиот СДСМ побара власта целосно да го пволече пакетот на закони кои предвидуваат плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување на хонорарите и предлагаат законско решение со цел трансформација на авторскиот договор, договор на дело или друг вид на договор, склучен со невработени лица во континуитет ангажирани повеќе од една година од страна на исто правно лице, во договори за редовен работен однос.
– Доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да ги заштитат невработените граѓани и оние кои со години работат, а не се социјално и здравствено осигурени, ќе предложеа задолжителна трансформација на сите хонорарни договори во договори за редовен работен однос, токму како што тоа наводно ќе го направат за 3.000 вработувања во јавната и државна администрација – рече Мила Царовска од СДСМ.