СДСМ бара разрешување на директорката на болницата „Козле“, докторката тврди: Дрското однесување и попречување на работата е недозволено

by Fokus

„Целото функционирање на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа на Клиниката во „Козле“, е доведено во прашање после 40 години поради Симовска а штетата и за децата и за вработените. Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27 годишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот“ соопштија денеска од СДСМ за веста за која претходно информираше „Фокус“.

Од партијата велат „Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симоновска ја брка. Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда овозможена од ДПМНЕ“.

„Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи? СДСМ за овие драматично лоши состојби како и за однесувањето на Симовска веќе алармираше но очигледно власта ја штити. Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, веќе си дадоа оставки поради скандалозното однесување на Симоновска“ е партискиот став.

Порачуваат „Своеволието на Симовска уништува многу животи а загрозува детски животи. Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност. Симоновска мора веднаш да биде разрешена“.

Попладнево доктор Каролина Симоновска, в.д. директорката на „Козле“ излезе со соопштение:

„По однос на оркестрираниот политички напад врз ЈЗУ Универизитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле в.д. директор, д-р Каролина Симоновска, јавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување на оперативен зафат на малолетно лице, мора да се санкционира како не би настанале полоши последици за кои потоа доцна би било каква реакција. Дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи. Цел стручен колегиум стои на таа одлука. Клиниката работи по закон и спроведува законски прописи“.

 

Поврзани новости