Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска во одговор на новинарско прашање изјави дека во тек е постапка за исклучување на Боро Стојчев како член на партијата.
-Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите. Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија – изјави Костадинов.