250
За жал се случи најлошото, имаме смртен случај, пациентка која била во лоша состојба прво не била примена на интензивна нега во Инфективната Клиника, не била примена ниту на Карил, по што починала, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„За овој скандал мора да има одговорност!
Министерот Таравари да не чека како што чекаше вчера туку веднаш да преземе мерки за целосно расчистување на случајот. Но и за средување на состојбата на Инфективна клиника за да не се случи нова жртва.
Директорите на Карил и Инфективна клиника треба да излезат пред јавноста и да одоговорат зошто не е примена пациентката.
Бараме истрага и одговорност за смртта на пациентката која не била примена на интензивна нега“ рече Кузеска.