СДСМ го осуди физичкиот напад врз ЛГБТИ активистот Беким Асани од Тетово и апелира надлежните институции да ги најдат и казнат напаѓачите, за, како што велат, да не се повторат вакви настани.
-Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец. Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина. Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата, се вели во соопштението на СДСМ.
Активистот Асани пред два дена го нападнале две лица во близина на канцеларијата на невладината „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово. Асани е повреден, но се чувствува добро. И лани во јуни, по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје, Асани беше нападнат во Сарај.