СДСМ бара Јанушев и Милошоски да ги повлечат роднините од администрацијата

by Фокус

Кога зборува за непотизам, ВМРО-ДПМНЕ треба да се обрати до Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници, велат од СДСМ реагирајќи на повикот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, пратеничката од власта Тања Ковачев да си поднесе оставка зашто си вработила неколку членови од семејството.

„Додека купот роднини не се повлечат од работните места ВМРО-ДПМНЕ нема образ да кажува нешто на оваа тема. Државната комисија за спречување корупција и институционално потврди дека во десетици случаи раководството на ВМРО-ДПМНЕ преку директи ургенции и влијанија отворало специјални места за нивни членови и блиски роднини. Антонио Милошовски, Кирил Божиновски, Игор Јанушев и Анастасија Илиевска се само дел од функционерите на ВМРО-ДПМНЕ кои се примери за непотизам и вработување роднини во државни институции“, велат од СДСМ.

Од таму бараат ДПМНЕ да ги почитува одлуките на Антикорупциската комисија и да ги повлече сите роднини од работните места.

Поврзани новости