СДСМ: Бадијала сонува Мицкоски, амнестија нема да има!

by fokus

Наместо да им се извини на граѓаните за пустошот што после 11 години криминално владеење го остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски манифестира цврста решеност по секоја цена да го брани криминилот, неводејќи сметка за интересите на државата и граѓание, реагираат од СДСМ на говорот на Мицкоски на денешниот протест во Струмица.

-Мицкоски го злоупотребува дури и сопственото членство, ставајќи го насила во функција на одбрана на криминал. Бадијала сонува Мицкоски, амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април, нема да има. Расчистувањето со криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и правда за сите е државен интерес, секој ќе одговара пред законите, во транспаретна и законска постапка. Јасно е, додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бранат криминал, СДСМ заедно со граѓаните обезбедува иднина. Договорот за спорот со Грција е патриотски чин што го гарантира македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина со членство во НАТО и членство во ЕУ. Тоа се историски успеси на Македонија коишто само Мицкоски не може да ги прифати. Поважна му е судбината на Никола Груевски отколку иднинта на Македонија. Македонската безбедност и сигурност се загарантирани, обезбеден е македонскиот идентитет. Ние сме Македонци, нашиот јазик и идентитет се македонски и тоа е потврдено и загарантирано еднаш засекогаш!, велат од СДСМ.

Поврзани новости