На денешната прес-конференција, Градската организација на СДСМ обелодени докази дека претседателката на ССК Данела Арсовска и овозможила на нејзината мајка Марика Јовановска да стане член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК, и да зема по 10.000 денари од седница, изјавија од СДСМ на денешната прес-конференција.
Според Градска организација на СДСМ, мајката Марика Јовановска станува член на Совет за статистика, на предлог на Сојуз на стопанските комори на Македонија, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК, a Илија Димовски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во 2019.
СДСМ Скопје прашува, „Има ли појасен случај на непотизам од овој?“ и укажува дека „само личност која што не поседува чесност и личен интегритет, како претседател на ССК, може да овозможи нејзината мајка да биде номинирана и избрана за член на Совет за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари по седница“.
Градската организација на СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупција да го испита случајот на номинирање и избор на Марика Јовановска како член на Совет за статистика, на предлог на ССК, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.